Abstract
Предмет на интерес на овој текст се метафикционалните елементи во романите Нишан (2007) на Блаже Миневски и Книга за Тара (2004) на Зденко Лешиќ. Поаѓајќи од теориските модели на метафикцијата (Линда Хачион, Патриша Во, Марк Кари), компаративната интерпретација на романите ќе се одвива на три рамништа: 1. Преглед на метафикционалните теми и постапки во романите: тематизации и демонстрации на односот книжевност – стварност, уметност – живот, факт – фикција; техниките на „отворен диегетски нарцизам” (самосвесен нара¬тор, автотематизација на пишувањето); 2. Метатекстуалните рамништа во романите: варијантите на авторефе¬рен¬цијално промислување на сопствениот наративен идентитет и мета¬текст¬уалните варијанти на коментаторски однос кон туѓите текстови, кон книжевната традиција и кон книжевните кодови и конвенции; 3. Онтолошките импликации на метафикцијата во романите: функци¬јата на метафикцијата во индицирање на разнишаниот онтолошки статус на книжевноста; функцијата на метафикцијата во самосвесните проблема¬тизаци и нивелации на границите меѓу световите (книжевност – стварност, факт – фикција) и меѓу текстовите (книжевен – некнижевен, оригинал – плагијат).