Macedonian Medical Electronic Journal

Journal Information
EISSN: 18579809
Total articles ≅ 22

Latest articles in this journal

Darko Iliev
Macedonian Medical Electronic Journal pp 1-6; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50020

Abstract:
Вовед. Инцидената на дијабетес тип 2 е во пораст. Во делот на раното откривање потребно е да се најде интервенција која најдобро ќе ја препознае болеста во што порана фаза. Семејниот лекар има иницијален контакт со општата популација и игра клучна улога во превенцијата на хроничните болести.Материјал и методи. Пребарување на истражувања повзани со рано откривање дијабетес тип 2 со клучни зборови: скрининг, дијабетес тип 2, примарна здравствена заштита на Pubmed, Pubmed Central и кохрановата база.Резултати и дискусија.Достапната литаратура укажува дека скрингот може да е ефективен метод во раното откривање на Дијабетес тип 2 во примарна здравствена заштита. Добри резултати се постигнати доколку се изведува структурирано и стратифицирано кај пациенти со дефиниран ризик. Америчката асоцијација за дијабетес го препорачува опортуниот скрининг кај семејниот лекар во раното откривање и превенција на дијабетес. Како пристап мерењето на гликоза во крв на гладно, HgbA1c или ОГТТ може да се користат во скринингот, но гликоза на во крв на гладно е најпогодна поради тоа што е лесно изводлива, прифатлива за пациентите, ефтина и брза метода. Кај позитивните наоди потребно е да се повтори тестот. Заклучок. Скрингот за дијабетес тип 2 во примарна заштита е изводлив. Мерењето на гликоза во крв на гладно е најдобар избор кај семејниот лекар. Ефикасноста на скринингот варира зависно од стратегијата која ќе се примени, потребни се повеќе истражувања во насока на дефинирање на најдобрите практики за одредување на ризик групи. BACKGROUND: The incidence of type 2 diabetes is constantly increasing. For its early detection it is necessary to find best intervention that will recognize this disease in its the early stage. The family doctor has an initial contact with the general population and has a key role in the prevention of chronic diseases.AIM: The objective of this paper is to analyze and display the findings in available published papers related to screening for type 2 diabetes in primary care settings.MATERIAL AND METHODS: Search results linked to the early detection of type 2 diabetes with following keywords: screening, diabetes type 2, primary health care; in PubMed, PubMed Central and Cochrane database.RESULTS: The available literature suggests that screening may be an effective method for early detection of type 2 diabetes in primary care settings. Good results have been achieved when it is performed in structured and stratified group of patients with prior defined risk. The American Diabetes Association recommends family physicians opportunistic screening in the early detection and prevention of diabetes. Measuring blood glucose, HbA1c or OGTT as an approach can be used in the screening. Measuring blood glucose is most suitable approach in primary care settings because it is feasible, acceptable to patients, cheap and quick process. When tested positive it is important to retest the patient to confirm the diagnosis.CONCLUSIONS: Screening for type 2 diabetes in primary care is feasible. The measurement of fasting blood glucose is the best choice for the family doctor. Effectiveness of screening varies depending on the implemented strategy. Additional research is needed in order to define best practices for determining risk groups
Кристина Козовска, Јихе Зху, Благица Арсовска
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-5; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50021

Abstract:
ОСНОВА: Цервикалната спондилоза е едно од најчестите прогресивни дегенеративни заболувања на ’рбетот коe настанува со процесот на стареење и најчесто кај луѓе постари од 40 години. Акупунктурата како третман за цервикалната спондилоза се користи многу често, нема несакани ефекти и претставува комплетно безбеден третман. Акупунктурата може да го намали влијанието на симптомите на цервикалната спондилоза со подобрување на протокот на Чи енергијата низ меридијаните во телото и со одстранување на блокадите во меридијаните. ЦЕЛ: Целта на овој труд е да се прикажат резултатите и ефикасноста од направеното истражување и анализа на пациентите дијагностицирани со цервикална спондилоза, при лекувањето со акупунктурен третман. МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Истражувањето е направено во ординацијата за Традиционална Кинеска Медицина и акупунктура „Тонг Да Танг“ во Скопје и беа вклучени 30 пациенти од машки и женски пол кај кои беше дијагностицирано цервикална спондилоза во изминатата една година. Кај сите пациенти е постигнат ефект од третманите, а истите беа направени од страна на Спец. Д-р Зху Јихе. Сите точки за цервикалната спондилоза кои беа третирани се лоцирани на главата и вратот: Du16 (Fengfu), Du20 (Baihui), Du21 (Qianding), SJ16 (Tiannyou), Bl10 (Tianzhu), SI15 (Jianzhongshu), SI14 ( Jianwaishu). Терапиите беа направени во затворена просторија на 250 со времетраење од 35-40 минути. РЕЗУЛТАТИ: Според направените анализи се покажува дека жените се почесто зафатени од мажите од цервикална спондилоза, иако разликата е занемарливо мала. Најчесто зафатена возрасна група е од 50-60 години, со средна возраст за мажи од 55 години и за жени 64 години. Мажите се зафатени порано, на вораст од 50 години, а жените после 60тата година. Бројот на третмани кој бил потребен да се постигне резултат е различен кај сите пациенти и во просек изнесува 8 третмани. Како најчест симптом се јавува болката во вратот, а како можни први симптоми се вртоглавицата и главоболката. ЗАКЛУЧОК: Како дел од 5000 години старата Традиционална Кинеска Медицина, акупунктурата дава одлични резултати при лекувањето на цервикалната спондилоза и со овој научен труд базиран врз основа на докази се докажува дека акупунктурата е генерално безбеден и ефективен третман при лекувањето на цервикалната спондилоза.
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-7; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50018

Abstract:
Поднесени се забелешки од Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје за автентичноста, плагијаризмот и другите етички отстапувања во трудот од Драгица Близнаковска Станчев (Макед Мед Електр С. 2015 Окт 02; 2015; 50012:8. http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2015.50012) за кои, според нив, треба да се повлече трудот од списанието. По внимателна анализа на сите податоци поврзани со објавувањето на овој труд, како и меѓународните правила и стандарди, потребна е корекција на објавениот труд со отстранување на оригиналната статија и дискретна замена со корегираната верзија според политиката на Македонско електронско списание и меѓународните препораки за вакви случаи, како и со внесување нова дата за објавување.
Marija Miloshevska Mijalkovsкa, Gjorgje Dzokic, Hristina Breshkovska, Ана Томановиќ Тодорова
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-5; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50017

Abstract:
ОСНОВА: Дизморфофобија, или на англиски Body Dismorphic Disorder (BDD) е релативно често и многу тешко заболовање кое многу пати поминува недијагностицирано. Со вакви пациенти во контакт се како психијатрите така и пластичните хирурзи и дерматолозите затоа што ваквите пациенти многу често се обраќаат кај нив барајќи естетска корекција која најчесто не е решение на нивниот проблем. Ова заболување е битно, треба да се помисли на него за да се дијагностицира затоа што е проблем за пластичните хирурзи затоа што овие пациенти прават проблеми, никогаш не се задоволни, ги тужат своите доктори, така претставува проблем е и за самите пациенти затоа што овие пациенти се сериозно болни. Тоа се пациенти кои не се задоволни со својот изглед, најчесто се со самоубиствени идеи, некои веќе имаат во минатото обиди за самоубиство, а дел и завршуваат со самоубиство. Затоа ова заболување е важно, не смее да се потцени и треба да се помисли на него за да се дијагностицира. ЦЕЛ: Од севкупно искористената литература, произлезе целта на истражувањето, а тоа е да го покаже процентот на застапеност на БДД испитуван по студии во естетската хирургија, да се види на која возраст пациентите најчесто бараат естетска корекција, и да се презентира понатамошниот тек на ова заболување кај пациенти кои се јавиле и добиле хируршки третман. Во заклучокот се дискутира за процентот на БДД кај пациенти кои побарале естетска операција и околу тоа дали такви пациенти треба да се третираат хируршки. МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Беше направено пребарување во базите на податоци со отворен пристап Pub Med, Embase Medline. Пребарувањето беше направено според клучните зборови “body dysmorphic disorder, BDD”, “aesthetic surgery”, “prevalence”, “outcome”. Беа вклучени сите трудови каде беше опишана БДД во естетска хирургија и исходот на естетските процедури кај БДД пациенти. Исклучувачки критериуми: Студии на детска популација, студии кои не беа на англиски јазик, студии каде БДД се разгледа во нехируршки естетски студии, студии каде се објаснува БДД и коморбитетот, студии кои не се дадени во целост. Во прегледот беа вклучени проспективни, пресечни и ретроспективни студии кои беа достапни во целосен текст. Беше направен и преглед на референтните листи од студиите кои беа вклучени во овој ревиски труд за добивање на дополнителни релевантни податоци. РЕЗУЛТАТИ: Резултатите добиени од литературните и научните истражувања укажуваат на фактот дека степенот на застапеност на БДД во естетска хирургија варира во поединечни студии. Воочена е најниска застапеност од 3.2, а највисока застапеност од 53.6% што укажува на јасна врска меѓу пациенти со БДД кои бараат естетска хируршка интервенција. Во просек овие пациенти се околу 40-та година од животот. Во однос на резултат од естетскиот третман на лицата со БДД разгледани се 2 студии и како заклучок може да се каже дека естетските интервенции во еден одреден лимитиран дел водат до подобрување на симптоматологијата на БДД. ЗАКЛУЧОЦИ: БДД е често психијатриско заболување кое често води до естетска хируршка интервенција. Битно е да постои предоперативен скрининг на вакви пациенти за нивно правилно дијагностицирање, насочување и третман.
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-7; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50019

Abstract:
ОСНОВА: Иако некои истражувачи тврдат дека новородените деца не чувствуваат болка поради незрелоста на нивниот мозок, презентираните докази зборуваат дека тие чувствуваат болка при што регираат со промени во однесувањето и во физиологијата. Овие наоди, иако контроверзни, претставуваат основа за развивање на алатки за проценка на процедуралната болка. ЦЕЛ: Да се тестира една од достапните алатки за проценка на процедуралната болка кај доносени новородени деца за време на две болни процедури во рутинската неонатална грижа (интрамускулна инјекција и земање на капиларна крв од петичка), за да се споредат нивоата на болка причинети од нив, и да се процени времето за опоравување после процедурите. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Вклучени беа здрави доносени новородени деца, а болката беше проценувана според строго препорачаните инструкции. Како базичен скор се сметаше состојбата на релаксирано нахрането новородено дете. РЕЗУЛТАТИ: Иако не беше очекувано, скорот за болка беше највисок за време на земање на крв од петичка (изнесуваше 23.6), и потребно беше подолго време за опоравувањее (повеќе од 15 минути), додека болката доживеана за време на интрамускулна инјекција покажа понизок скор за болка (19.9). ЗАКЛУЧОЦИ: Овие резултати се базирани на мала група од новородени деца, но сепак, силно се препорачува да се размислува за болката кај новороденото дете, да се проценува истата и да се примени Клиничко упатство за водење на процедуралната болка, кое ќе биде засновано на докази, поради многуте резултати за долгорочните негативни ефекти во смисол на пречки во невропсихомоторниот и бихејвиоралниот развој на детето.
, Даница Поповиќ Моневска, Ана Миновска, Мирјана Поповска, Вера Радојкова Николовска
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-8; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50016

Abstract:
ОСНОВА: Оралните премалигни и малигни лезии бележат тенденција на доцна детекција, која е на штета на пациентите поради високите стапки на морбидитет и морталитет.. Токму затоа е важно раното дијагностицирање на овие нарушувања и заболувања. ЦЕЛ: Целта на овој труд е да ги евалуираме дијагностичките средства и методи за детекција на премалигните и малигни орални лезии. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: За изработка на овој труд, спроведовме автоматско детално пребарување на интернет базата PubMed за периодот од 1966 година до 2014 година. Клучни зборови според кои го изведовме пребарувањето беа: “орални преканцерози, орален карцином, визуелни средства и молекуларни биолошки маркери”. Ги вклучивме и извештаите кои беа рецензирани и прифатени за објавување, а сеуште неиспечатени. Ги исклучивме статиите кои беа известувања од експерти, како и оние кои не беа од англиско издание или не беа изведени на хумани субјекти. РЕЗУЛТАТИ: Од најчесто употребуваните техники и дијагностички тестови, виталните ткивни боења покажуваат сензитивност од 93.5% – 97.8% и нешто пониска специфичност од 73.3% - 92.9%. Употребата на современите алатки за визуелизација на ткивните аберации, бележат сензитивност од околу 30% и специфичност од 63%. ЗАКЛУЧОК: Оралната цитологија, патохистолошкиот наод, молекуларните биолошки испитувања, како и примената на софистицирани визуелни средства во детекција на суспектните орални лезии, се смета дека ќе доведат до рано дијагностицирање и ќе го направи толкувањето на наодите далеку посигурно отколку порано.
Томица Анчевски
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-6; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50015

Abstract:
ОСНОВА: Главната функција на коронарната единица е достапност на телеметрија или континуирано следење на срцевиот ритам и крвниот притисок преку електрокардиографија и мерење на крвиот притисок на интервали. Единицата за интензивна коронарна нега (ЕИКН) при Одделението за интерна медицина – Општа болница Куманово почна со работа од 1998 година. ЦЕЛ: Да се прикаже бројот на пациентите кои биле на обсервација (до 24 часа) и хоспитализација (над 24 часа) во Единицата за интензивна коронарна нега, причините за обсервација и хоспитализација, нивниот третман, застапеност според полот, возраста како иисходот од обсервацијата и хоспитализација во периодот од 5 години (од 2009 до 2013 година). МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Во ретроспективната студијата без користени податоци од дневникот кој се води за пациентите во Единица за интензивна коронарна нега при Одделението за интерна медицина – Општа болница Куманово и истории за болеста од пациентите.РЕЗУЛТАТИ: Вкупно беа анализирани 4677 пациенти во периодот од 2009 до 2013 година. Во тој период обсервирани 3668 пациенти, хоспитализирани 1009 пациенти, упатени на терциерна здравствена заштита (ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија и останати клиники во Скопје) 278 пациенти и летално завршиле 277 пациенти.ЗАКЛУЧОЦИ: Во најголем процент се застапени пациенти со атријален фибрилофлатер (од 16% до 26%), коронарна артериска болест, нестабилна и стабилна ангина пекторис (од 15% до 20%), малигни вредности на крвниот притисок (од 11 % до 17%), потоа пациенти со и пулмоналниот едем (од 6% до 16%). Според анализираните податоци за работата на еикн можеме да заклучиме дека со отпочнувањето на работата на оваа единица значително се подобри лекувањето и излекувањето на критично болни пациенти со срцево страдање. Од студијата се извлекува да секоја година се зголемува бројот на пациенти кои се обсервирани и хоспитализирани во ЕИКН, како и бројот на пациенти кои бараат третман на терциерна здравствена заштита на клиники во Скопје.
Slavica Hristomanova Mitkovska, Dejan Trajkov, Aleksandar Petlichkovski, Olivija Efinska-Mladenovska,
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-9; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50008

Abstract:
BACKGROUND: Food allergy is defined as an adverse immune response during repetitive exposure to any kind of food and may be mediated by immunoglobulin E (IgE) antibodies or not - IgE mediated. Food allergies are common and according to recent studies they occur in 6-8% of children, and in the last three decades there has been an increase in the incidence of food allergies. In IgE-mediated food reaction we should make laboratory tests to determine the total and specific IgE antibodies to various foods. AIM: The aim of this paper is to demonstrate the percentage of food allergies in the Republic of Macedonia based on positive IgE antibodies in the serum of patients referred to the Institute of Immunobiology and Human Genetics for allergies testing in ten year period (2001-2011). MATERIAL AND METHODS: Consecutive patients in ten year period (from 01.01.2001 to 01.01.2011), addressed to the Institute of Immunobiology and Human Genetics at the Medical Faculty tested for allergies were analyzed retrospectively. Three thousand and twelve (3312) patients with data for place of residence, age and serum values for total IgE, specific IgE and group-specific IgE to food allergens were analyzed. The determination of total IgE and specific IgE for food allergens was performed with the UniCAP100 System (Pharmacia, Uppsala, Sweden). RESULTS: Analyzes of the distribution of the number of patients in each group of concentration of total IgE showed that most patients had normal serum total IgE levels. From a total of 3312 patients with suspected IgE-mediated food allergy, 2367 were found negative and only in 945 patients we determined the existence of IgE-mediated food allergy. The most common allergens in our study were: egg white, milk, boiled milk, wheat, peanuts, milk proteins, hazelnut and apple and from the group - specific allergens most common were food mixture and fruit mixture. CONCLUSIONS: The large number of negative results suggested the need for increasing the number of Allergologic Laboratories in Republic of Macedonia and increase of the need for better education of primary care physicians through seminars, conferences and lectures. This is the first study in the Republic of Macedonia for food allergies in which the presented results are based on the obtained specific IgE antibodies values in the sera of patients towards different food allergens. ОСНОВА: Алергијата кон храна се дефинира како несакан имун одговор кој се јавува при повторувачки изложувања на било кој вид на храна и може да биде посредувана со имуноглобулин Е (ИгЕ) противтела или не – ИгЕ посредувана. Алергиската реакција кон храна е доста честа и според последните истражувања се јавува кај 6-8% од децата, а во последните три декади забележан е пораст во инциденцата на алергии кон храна. Доколку се сомневаме за ИгЕ посредувана реакција на храната треба да се направат лабораториски испитувања и да се одредат вкупните и специфичните ИгЕ противтела кон различните видови на храна. ЦЕЛ: Целта на овој труд е да се пресмета и прикаже процентот на алергии на храна во Република Македонија на основа на позитивен наод на ИгЕ противтела во серумот на пациенти упатени на Институтот за имунобиологија и хумана генетика за алерголошки тестирања во десетгодишен период (2001-2011). МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Анализирани се ретроспективно консекутивни пациенти во десет годишен период (од 01.01.2001 до 01.01.2011 година), упатени на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје за испитување на алергии. Анализите се направени на 3312 испитаника (пациенти) за кои имаме точни податоци за местото од кое потекнуваат, за возраста и кај кои се одредени вредностите за вкупниот ИгЕ во серумот, како и вредностите за специфичните ИгЕ противтела насочени кон алергени од храната. Анализите за одредување на вкупен ИгЕ и специфичен ИгЕ во серумот кај пациентите се изработени на UniCAP100 System; Pharmacia, Uppsala, Sweden. РЕЗУЛТАТИ: При анализата на дистрибуцијата на бројот на пациенти во секоја група на концентрација на вкупниот ИгЕ покажуваат дека најголем дел од пациентите имале нормални вредности за вкупниот ИгЕ во серумот. Од вкупно 3312 пациенти со сомневање за постоење на ИгЕ посредувана алергија на храна кај 2367 сме добиле негативен наод за постоење на зголемени нивоа на ИгЕ противтела, а само кај 945 испитаници сме докажале постоење на ИгЕ посредувана...
Елена Цветковска,
Macedonian Medical Electronic Journal, Volume 2015, pp 1-10; https://doi.org/10.3889/mmej.2015.50011

Abstract:
ОСНОВА: Банка за хумана ДНК (хДНАМКД) претставува складирање на примерок на ДНК од поединецот, како и нејзино безбедно и долгорочно чување со цел да се обезбеди примерок на генетски материјал за медицински и научни истражувања. Македонската банка за хумана ДНК датира од 2000 година и во неа се дефинирани неколку проектни полиња. Медицинската сестра како дел од стручниот тим извршува многу активности со кои учествува во истражувачката дејност на хДНАМКД.ЦЕЛ: Целта е да се презентира улогата на мединцинската сестра во хДНАМКД во сите сегменти во кои таа зема учество почнувајќи од земањето на писмена согласност, земање на примероци, ДНК екстракција и складирање на истата. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Примероците на ДНК се земени од доброволни дарители по претходно потпишана согласност, доброволно и без притисок. Поединците се информирани во однос на видот на истражувањата што ќе се вршат, аранжманите за пристап и споделување на складираните примероци и времетраењето на чување на примероците. ДНК е изолирана од периферна крв со фенол-хлороформ метод за екстракција. Квалитетот и квантитетот на изолираната геномска ДНК е определен со 260/280 УВ спектрофотометар со GENEQUANT pro RNA/DNA калкулатор. Интактноста на изолираната ДНК е одредена со електорфореза на ДНК на агарозен гел по што истата се аликвотира во нормализирана концентрација и се складира во замрзнувач Heraus Sepatech на -80оЦ.РЕЗУЛТАТИ: Во хДНАМКД се дефинирани три проектни области: антропологија, несродни пациенти и сродни пациенти. Лабораторискиот код за ДНК примероците што се чуваат во Македонската банка за хумана ДНК е MKDSPI. Вкупниот број на примероци кои се складирани во Македонската банка за хумана ДНК до крајот на 2010 година е 5252 примероци – 1575 во антропологијата, 2186 несродни пациенти и 1491 сродни пациенти.ЗАКЛУЧОК: Медицинската сестра има целокупно учество во собирање на сите важни информации за генетските истражувања како земање на семејна историја, медицински информации и доброволна согласност од страна на дарителите. При тоа мора да ги применува етичките приципи за одржување на приватноста и доверливоста на генетски информации. Преку правилно земање и соодветно одбележување на примероците крв таа обезбедува точност на резултатите добиени од генетските истражувања. Претставува неопходен дел од тимот на хДНАМКД заради што треба да има големо искуство и знаење од областа на генетиката и медицинската етика.
Back to Top Top