Abstract
Цел на трудот: Да се утврди влијанието на консумирањето алкохол во појавата и лекувањето на хипертензивните мозочни крвавења и штетните последици врз морбидитетот и морталитетот на пациентите. Материјал и методи: Беше изведена ретроспективна студија кај 61 пациент на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија од 2011 до 2016 год. со различни манифестации на мозочни крвавења. Пациентите беа поделени во 2 групи: со и без нагласени ризик-фактори.Во групата со нагласени ризик-фактори се утврди дека 15 испитаници консумирале алкохол.Беа испитувани следниве варијабли: пол, возраст, волумен на крвавењето, компресија, исход на лекувањето и функционална мобилност. Резултати: Резултатите укажуваат дека алкохолизмот значително влијае на појавата на мозочните крвавења, особено кај болните што консумираат повеќе од 200 ml алкохол дневно. Најверојатна причина е оштетувањето на црниот дроб и нарушувањето на хемостазата. Заклучок: Алкохолизмот како социомедицински фактор има сигнификантна улога во појавата на мозочните крвавења